Урсула фон дер Лејен

Европската комисија во март ќе претстави предлог за дигитални пасоши за вакцинација против ковид-19, што може да биде еден од условите за слободно патување низ Европската Унија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

– Што се однесува до тоа како може да изгледаат дигиталните „зелени“ пасоши, ќе размислиме. Ќе претставиме предлог-закон како би можел да изгледа – рече Фон дер Лајен за време на видеоповик со германските конзервативни пратеници.

Лидерите на Европската Унија во петокот го поддржаа воведувањето дигитални сертификати за влез во земјите членки и отворањето на општеството по пандемијата.