Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изрази жалење поради задоцнетата реакција на Европската Унија за пандемијата на коронавирус, во напис кој денеска беше објавен во италијанските медиуми.

„Извинете, ние сме со вас“, е насловот на писмото испратено од шефицата на ЕК до Италијанците.

„Денес Европа се мобилизира за да биде со Италија. Но, тоа не беше така од почетокот“, признава таа во статијата во „Ла Република“.

Италијанците уште на почетокот беа лути затоа што и Франција и Германија одбија да им испратат заштитна медицинска опрема.

Чувството за напуштање се засили кога Германија и Холандија го отфрлија повикот за заеднички европски инструмент за долгови, т.н. коронаобврзници.

– Мора да се признае дека на почетокот на кризата, кога требаше да се даде заеднички европски одговор, многумина мислеа само на нивните национални проблеми – пишува Фон дер Лејен.

„Во меѓувреме, Европа ја смени својата динамика“, истакнува таа, но не спомнува коронаобврзници ниту пак било каков друг потенцијален финансиски одговор.

Сепак, напиша дека блокот ќе формира фонд од 100 милијарди евра за финансирање на платите за работниците со скратено работно време.

Исто така истакна додаде дека 25 земји од ЕУ сега испраќаат милиони маски во Италија и Шпанија.