Демонстранти на протест пред просториите на „Фејсбук“

Додека „Фејсбук“ се соочува со обвинувања оти социјалната мрежа овозможила ширење на опасни дезинформации за ковид-19, водечките луѓе на компанијата им кажаа на вработените кои се враќаат во канцелариите во САД дека вакцинацијата за нив ќе биде задолжителна, објави „Њузвик“.

– Како што нашите канцеларии повторно ќе се отворат, ќе биде задолжително за сите што работат во нашите простории во САД да бидат вакцинирани – соопшти. потпретседателката на Фејсбук, Лори Голер, додавајќи дека ќе постои протокол за оние кои не можат да се вакцинираат поради медицински или други оправдани причини.

Објавата на „Фејсбук“ дојде на истиот ден кога демонстрантите од британската непрофитна организација „РФОБ“ го изразија своето незадоволство пред просториите на компанијата во Вашингтон. Тие ја истакнаа паролата „Дезинформациите на Фејсбук убиваат“.

На 15 јули портпаролката на Белата куќа Џен Псаки истакна дека се проверуваат проблематични објави на Фејсбук кои шират дезинформации.

Government and health officials have been using their public platform in recent weeks to draw attention to the dangers of pandemic misinformation spread through social media. А два дена подоцна и американскиот претседател Џо Бајден истакна дека социјалните мрежи како што е Фејсбук „убиваат луѓе“ со начинот на кој шират дезинфомации за вакцините и ковид-19. Тој подоцна ги појасни неговите коментари, нагласувајќи дека „Фејсбук не убива луѓе“. Светската здравствена организација исто така во повеќе наврати предупредуваше за ширењето на дезинформации во пандемијата.