САД одат во погрешна насока и може да ни се случи да имаме 100.000 нови случаи на инфекција со коронавирус на ден, изјави Ентони Фаучи, водечки американски експерт за заразни болести.

– Ние одиме во погрешна насока и очигледно е дека не ја контролираме ситуацијата. Јас не би се изненадил ако имаме 100.000 нови случаи на инфекција на ден – рече Ентони Фаучи за време на сослушувањето во Сенатот на САД.

Тој е најзагрижен за ситуацијата во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, бидејќи скоро 50 отсто од новите случаи во САД потекнуваат од тие четири држави.

Во понеделникот имало 41.000 нови случаи на инфекција во земјавата, а бројката во вторникот се зголемила на 45.000, што е најголемо дневно зголемување на нови случаи од почетокот на пандемијата.

САД се најпогодената земја во светот од пандемијата на вирусот корона со 2.727.300 заразени и 130.106 мртви.