Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, објави дека е во самоизолација затоа што била во контакт со лице заразено со коронавирус.

Во порака објавена на Твитер, Фон дер Лејен изјави дека била известена дека на состанокот на кој била и таа присуствувало и лице за кое било потврдено дека има коронавирус.

– Во согласност со правилата и прописите, јас сум во самоизолација – објави таа.

Фон дер Лејен беше негативна за коронавирус во четвртокот, а денес треба да помине уште еден тест.

Претседателката на Европската комисија најави дека ќе биде во самоизолација до утре изутрина.