Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски е хоспитализиран откако беше заразен со коронавирус на почетокот на минатата недела, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на неименуван службеник.

минатата недела од неговиот кабинет беше објавено дека тој ќе ги продолжи своите обврски во самоизолација.

– Шефот на државата се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите обврски од самоизолација – се наведува во соопштението.

Неколку минути по оваа објава и шефот на неговиот кабинет Андриј Јемарк исто така објави дека е позитивен на коронавирусот.