Украинскиот парламент го усвои предлогот насочен кон забрзување на вакцинацијата против ковид-19, кој вклучува и забрана за вакцини произведени во Русија.

Украинската влада соопшти дека очекува во февруари да добие од 100.000 до 200.000 дози на вакцини произведени од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германскиот „Бионтех“, како дел од глобалната шема за набавки Ковакс.

Ниту една вакцина против ковид-19 сè уште не е одобрена за употреба во Украина, но властите постојано повторуваат дека Киев нема да одобри вакцини од Русија, со која Украина ги заостри односите, пренесува Ројтерс.