Втор ден по ред нема локално ширење на коронавирусот во Кина, но расте бројот на увезени случаи.

Бројот на увезени случаи со заразата достигна рекорд во Кина, додека втор ден едноподруго нема новозаразени со коронавирус на локално ниво.

Сега главната грижа на Кина е избегнувањето создавање нов бран епидемија на нејзина територија, од страна на заразените лица што доаѓаат од странство (досега има 228 заразени меѓу луѓето што однадвор влегоа во државата).

Стивнувањето на епидемијата во државата каде што вирусот првпат беше регистриран во декември минатата година дава надеж за другите земји во борбата за сузбивање на ширењето на ковид-19.

Кинеското Министерство за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа починале три лица, што е најмала бројка во еден ден откако во јануари почнаа да се води статистичка евиденција за заразените.

Заради ризикот од враќање на епидемјата, повеќе градови и провинции, вклучувајќи го и Пекинг, воведоа строги санитарни контроли за сите лица кои пристигнуваат од странство.