Турција наскоро би можела официјално да дозволи тестирање на новата руска вакцина против коронавирусот, објави турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

– Добивме одговори на нашите прашања во врска со вакцината што се развива во Русија. Ја проверивме добиената документација и наскоро дозволата ќе биде издадена – рече Коца, пренесува ТАСС.

Русија на 11 август објави дека е прва во светот што ја регистрирала вакцината против ковид-19, што беше развиена во Националниот научен истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Клиенти од 20 земји веќе нарачале вкупно една милијарда дози на руската вакцина наречена „Спутник 5“.