Во Шпанија во последните 24 часа од коронавирус починаа 493 лица, а бројот на новозаразени е 6.237. Вкупно се заразени 64.059 лица, а бројот на смртни случаи е 4.858. Излекувани се 9.357 лица, а бројот на активни случаи е 49.844.

Вчера од вирусот починаа 718 лица.

Радио Кадена Сер објави дека третина од смртните случаи во Шпанија се во старечките домови. Вкупно 1.307 лица сместени во овие домови починале од коронавирус.

Шпанската влада соопшти дека сè уште ги прибира податоците од сите региони и засега не може да ја потврди ниту да ја демантира информацијата на Радио Кадена Сер.