Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, за намалување на последиците од коронавирусот во САД.

Станува збор за најголем пакет помош некогаш одобрен од Конгресот.

Пакетот содржи фонд од 500 милијарди долари за индустријата, и уште толку за мерката по 3.000 долари за секое американско домаќинство. Во пакетот вклучени се и 350 милијарди долари за кредити за малите стопанственици, како и 250 милијарди помош за невработените лица.

Се нагласува дека 100 милијарди долари ќе бидат одвоени за болниците и здравствените системи.