Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на својот твитер-профил објави дека ја напушта болницата.

Како што изјави Трамп, „се чувствувам подобро отколку пред 20 години“.

– Денеска ја напуштам болницата „Валтер Рид“. Се чувствувам многу добро! Не плашете се од ковид-19. Не дозволувајте да го контролира вашиот живот. Имаме развиено, под администрација на Трамп, многу одлични лекови. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години! – е пораката со која Трамп ѝ се обрати на јавноста.