Илустрација: Фајненшл тајмс

Лекот за маларија е причината за жестока дебата за изнаоѓање третман против ковид-19. Американскиот претседател Доналд Трамп ја предводи дебатата за хидроксихлороин, а индиските власти инсистираат сите доктори во земјата да го земат лекот, кој во себе содржи синтетичка форма на хинин, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Лекот се користи како третман врз ограничен број на заразени пациенти од ковид-19 во Европа. Но, експертите предупредуваат на можни негативни ефекти и несакани последици поради немањето цврсти докази. Промовирајќи го лекот во Белата куќа, Трамп праша „што имате да загубите?“. 

Според некои експерти, промоцијата на лекот е невнимателна и непристојна. Трамп се соочи со слични критики и за минимизирањето на опасностите од климатските промени, а сојузниците на американскиот претседател го поткрепуваат нивниот случај со помош на мали студии кои не ги исполнуваат научните стандарди. 

– Мислам дека не треба да избрзуваме кога станува збор за лекот за маларија – изјави Ентони Фаучи, врвниот специјалист за заразни болести на федералната влада, истракнувајќи дека информацијата за тоа дека „лекот функционира“ е анегдотска.

Според студија за САРС од 2006 година, лекот не го спречува реплицирањето на вирусите, туку му помага на имунолошкиот систем во борбата против нив. 

Некои болници во Шведска престанале да го употребуваат лекот поради несаканите последици, тврдејќи дека користењеето на лекот треба да биде засновано врз медицински докази. 

Властите во Кина препорачаа употреба на хлорохин на почетокот на февруари, но мораа зналително да ја намалат дозата поради несаканите ефекти. Сепак, сѐ уште нема официјални упатства за употребата на хидраксихлорохинот. 

Од друга страна пак, Индија не е толку претпазлива, а лекот го земаат оние кои се во првите борбени редови против ковид-19. Индија и САД го забранија извозот на овој лек, а во федералните резерви на САД има 30 милиони од овој лек, со што настана недостиг во САД и Европа за пациентите на кои навистина им е потребен лекот против маларија, но и за третирање на автоимуните заболувања лупус и ревматоиден артритис.

Една француска студија покажа дека лекот за маларија е успешен во терапијата против ковид-19, но истиот журнал ја повлече студијата минатата недела поради неисполнување на стандардите. Слично и во Кина, различни студии покажаа спротивни резултати.

Експертите предупредуваат на можни негативни последици, па дури и смрт кај 10 отсто од пациентите третирани со овој лек, кој може да го наруши електричниот систем на срцето и тоа да престане да работи. Лекот може да предизвика и несакани психолошки последици, како вознемиреност, депресија и психоза.

– Не сакаме да го отфрлиме лекот како потенцијален третман, но треба да почекаме на вистинските потврдени резултати и докази. Во меѓуврфеме, стана навистина тешко пораката да стигне до луѓето кои денес имаат пристап до научните журнали и донесуваат сопствени заклучоци. Сето ова доведува до непотребен сомнеж дека научниците никогаш не можат да донесат крајна одлука за лековите – вели Виш Висванат, професор од универзитетот „Харвард“.