Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“.

Во разговор со американските трупи во странство преку видеоврска, како дел од прославата на Денот на благодарноста, Трамп рече дека вакцината првично ќе им биде испратена на луѓето во првите редови во борбата против пандемијата, медицинскиот персонал и постарите граѓани.

Трамп вети дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози вакцина против ковид-19, и доволно за вакцинирање на 330 милиони Американци до април 2021 година.