Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја прекина прес-конференцијата за новинари во Белата куќа,  новинарка од азиско потекло, на нејзиното прашање и` одговори да ја праша Кина.

Дописничката за „Си-би-ес Њуз“ од Белата куќа, Веијиа Јианг, го праша Трамп зошто моментната криза ја гледа како меѓународен натпревар, кога починаа повеќе од 80.000 Американци.

– Можеби тоа прашање би требало да и`го поставите на Кина – и` одговори Трамп на новинарката, која е родена во Кина, а во САД имигрирала на две години.

– Не ме прашувајте мене, прашајте ја Кина, во ред – додаде Трамп.

Тој се обиде да премине на прашања на други новинари, но Јианг се вмеша и го праша зошто тој одговор е упатен конкретно кон неа.

– Не го кажувам тоа на никого посебно, го кажувам на кого било кој поставува грдо прашање – рече Трамп.