Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД нема повторно да ја запрат економијата поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во некои американски сојузни држави.

– Нема повторно да ја затвориме земјата. Нема да треба да го сториме тоа – изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Неговиот коментар следуваше по изјавите на економскиот советник во Белата куќа, Лари Кадлоу и министерот за финансии Стивен Мнучин, кои рекоа дека САД не можат повторно да ја запрат економијата.

Анализата откри дека бројот на заразени со коронавирус се зголемил во најмалку 14 земји.