Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и Пенсилванија за ослободување на некои затвореници заради пандемијата на коронавирус, пренесува АП.

Како причина за ослободувањето беше наведен недостигот на медицински средства во затворите.

– Тоа не ни се допаѓа. Треба да видиме дали имаме право тоа во некои случаи да го спречиме – рече Трамп.