Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец.

Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против ковид-19.

– Вакцината што ја одобри американската Администрација за храна и лекови ќе биде подготвена за дистрибуција во рок од 24 часа. Нашата војска ќе испорача голем број вакцини каде што е потребно. Пред крајот на оваа година, ќе имаме најмалку 100 милиони дози од вакцината, можеби и повеќе. 100 милиони дози ќе се произведуваат секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април – рече Трамп.

Тој истакна дека ќе го победи коронавирусот со логистичка поддршка на војската за краток временски период.

– Ќе завршиме многу добра работа со нашата војска во борбата против Ковид-19, исто како што го победивме ИСИС – рече Трамп.