Холивудскиот актер Том Хенкс (63) се надева дека може да стане клучен фактор во борбата против коронавирусот по заразата во Австралија и по успехот да го победи вирусот.

Тој и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), која исто така беше заразена, донираа крв и крвна плазма за да придонесат во истражувањето за вакцина против коронавирусот кога открија дека имаат антитела.

Холивудската ѕвезда се надева дека ќе може да се развие вакцина што ќе ја запре глобалната пандемија.

Откако беа ставени во карантин во Австралија, каде што се заразија со коронавирус, Том и Рита се вратија во Лос Анџелес.

– Сега сме добро. Ги имавме сите симптоми слични на грип. Рита беше полошо од мене, имаше многу висока температура. Бевме изолирани за да не заразиме некој друг – рече Хенкс потврдувајќи дека тој и неговата сопруга се подложиле на медицински истражувања за доброволно да ја тестираат својата крв во надеж дека пандемијата ќе запре.

– Сега ќе работиме на она што ќе се нарече „Хенкс-вакцина“ – се пошегува актерот.