Потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс призна дека Европската Унија направила грешки во изготвувањето на стратегијата за вакцинација против коронавирусот, објавија германски медиуми.

– Вистина е дека имало грешки во нарачките за вакцини во Брисел и во земјите-членки – рече Тимерманс.

– Јас сум подготвен на крајот од пандемијата да ги преиспитам и тогаш можеме да видиме што погрешивме и што сторивме добро – рече тој.

Според него, првото нешто што треба да се направи е да се осигура дека сите Европејци ќе се вакцинираат.

Европскиот пристап е исто така во интерес на побогатите земји-членки како оној на Германија, додаде претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за европските агенции.

– Европската Комисија нареди вкупно најмалку 1,4 милијарди дози од четирите вакцини одобрени во Унијата, што треба да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители – рече таа.

Сепак, некои европски земји сметаат дека системот за дистрибуција на вакцини е неправеден, пренесуваат агенциите.