Денеска во Берлин се одржа протест против ограничувањата воведени во борбата против пандемијата, а како што јавија локалните медиуми, дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Учесниците повикаа на „слобода и обновување на основните човекови права“.

Претходно, илјадници луѓе излегоа на улиците на германската престолнина, а многу од нив се судрија со полицијата во знак на протест против мерките на владата.

Иако ова лето беа олеснети некои ограничувања, Германците и понатаму мора да носат маски на јавни места и да се придржуваат кон другите мерки против пандемијата.