99,5 проценти од смртните случаи во последните шест месеци во САД не биле вакцинирани

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) Рошел Валенски на брифинг во Белата куќа изјави дека првичните податоци од Центарот покажуваат дека 99,5 проценти од смртните случаи од коронавирус во последните шест месеци не биле вакцинирани.

Валенски вели дека податоците од голем број држави покажуваат дека скоро секоја жртва на коронавирус не е вакцинирана од јануари – еден месец по почетокот на вакцинацијата во САД. Таа истакна дека ова е одраз на ефективноста на вакцината.

– Ова е доказ дека вакцините можат да спречат смрт од коронавирус. Со достапни вакцини низ целата земја, страдањето што го доживуваме сега може целосно да се избегне – рече Веленски.