Стотици лица заразени со коронавирус, изминатите недели избегале од центрите за карантин, а полицијата трага по нив.

Тие биле сместени во нехигиенските и несоодветните центри за карантин во повеќе држави.

Само во Малави минатата недела над 400 луѓе кои биле вратени од Јужна Африка и други земји избегале од импровизираниот центар на стадионот во Блантаер, а најмалку 46 од нив биле позитивни на коронавирусот.

Во Африка досега се потврдени повеќе од 130.000 случаи на коронавирусот.