Продавница на „Икеа“ во близина на Франкфурт во западна Германија го даде својот паркинг-простор на локалната џамија за да им овозможи на верниците масовни молитви со физичко растојание. За овој гест продавницата доби големи пофалби на социјалните мрежи.

Околу 800 муслимани се молеа на големиот простор на отворено, одбележувајќи го крајот на светиот месец Рамазан.

– Завршната молитва со сите муслимани во Вецлар беше како награда за нас – изјави претседателот на џамијата за Би-би-си њуз.

Места на богослужба повторно се отворија во Германија, но тие мора да ги следат правилата за да го спречат ширењето на коронавирусот.

Сликите на молитвата за Ејд, објавени на социјалните мрежи се широко распространети, при што многумина ја пофалија џамијата за изнаоѓање на безбеден начин заедницата заедно да се моли.