Над 8.000 луѓе во градот Шулан во провинцијата Џилин, во североисточна Кина се наоѓаат во карантин, откако повторно почна да се појавува коронавирусот.

Вирусот почна повторно да се појавува кога земјата почна повторно да се отвора овој месец.

Во Шулан минатата недела воспоставен е воен режим, а на тоа подрачје се испратени здравствени работници и инспекциски тимови, пренесе Си-ен-ен.

Во Кина денеска се потврдени пет нови случаи на коронавирус, од кои два се увезени. Преостанатите тројца новозаразени се од семеен контакт, а сите се од Џилин.

Стотина села во североисточната кинеска провинција се во карантин по појавата на ново жариште на коронавирус, објавија кинеските власти.

Градоначалничката порачала дека ќе се тестира целиот град со фокус на заедницата и клучните јавни места на кои се детектирани првите случаи. Таа додала дека веќе 19.228 тестови се спроведени до петокот.