Пациент заразен со коронавирус закрепнал откако го примил експерименталниот лек „ремдесивир“.

– Го имаме првото лице кое закрепна откако беше лекувано со експериментален лек. Лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7 март и веќе е негативен на два теста за коронавирус. Пациентот ќе се врати во Ломбардија наскоро – рече Матео Бастети, примариус во Клиниката за заразни болести „Сан Мартино“ во Џенова, пренесе „Вечерњи лист“.

Басети потенцирајше дека сите лекари се многу задоволни затоа што лекот се чини дека е успешен. Басети додаде дека имаат повеќе пациенти кои се лекуваат со истиот лек.

Министерството за здравство на Италија одобри на животни да се тестира првата вакцина против коронавирус, објави новинската агенција АНСА.

Пробната вакцина е создадена во лабораториите на компанијата „Такис“ ​​и е првата пробна вакцина во Европа.