Со едноминутно молчење во Шпанија денеска беше оддадена почест на жртвите од коронавирусот.

На првиот ден од десетдневната жалост, граѓаните оддадоа почит на жртвите и од автомобилите, кои застанаа на улиците, пренесува Си-ен-ен.

Членовите на Парламентот ја прекинаа седницата, а пред својата палата излегоа и членовите на кралското семејство.

Десетдневната жалост во Шпанија ќе трае до 5 јуни.