Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти Министерството за здравство.

Земјата, со 10,7 милиони жители, беше една од најтешко погодените на глобално ниво во последните неколку недели, а голем дел од регионалните болници, кои беа преплавени со пациенти од коронавирус, беа принудени дел од пациентите да ги префрлат во други болници, стотина километри подалеку, пишуваат чешките медиуми.

– Големиот број новозаразени лица со коронавирус го зголемија притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација – соопшти министерството.

– Во некои региони, болниците ги исцрпија своите капацитети и повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји – рече во изјавата министерот за здравство.