Неусогласените прописи и попустливоста за носењето на заштитните маски на два авионски лета можеби испратија низ светот патници од Јужна Африка заразени со омикрон и придонесоа за ширење на новиот вид на коронавирусот, објавува „Њујорк тајмс“.

Патувањето на стотиците патници кои во петокот беа на летовите на „КЛ592“ од Јужноафриканската Република (ЈАР) до холандски Амстердам, се одвиваше според сите процедури вообичаени за ковид-ерата. Тие ги поседуваа потребните документи за да можат да се качат на летот. Некои држави бараа од патниците да покажат потврда дека се вакцинирани или пак негативен ПЦР-тест, додека други не барале такви документи. Згора, на долгиот лет, само дел од патниците носеле маски, според сведоштвото на присутните во авионот, додека персоналот не инситирал на заштитните маски.

При слетувањето, веќе се проширила паниката за откривањето на омикрон на југот на Африка. А патниците потоа се соочиле со чекање на пистата и во аеродромските простории, додека ги очекуваале резултатите од нивните тестови за ковид-19.

Од повеќето од 60-мината присутни на тој и на уште еден лет на „КЛМ“ од Јужна Африка, кои беа позитивни на ковид-19, кај најмалку 14 патници бил забележан омикрон-видот, според холандските власти. Тие потоа биле однесени во карантин, а неколкумина патници кои се обиделе да го избегнат карантинот и да отпатуваат за Шпанија, биле уапсени. Стотиците кои добиле негативни резултати од ПЦР-тестот на аеродромот можеле да продолжат со патувањето кон нивните дестинации.

– Тие отишле низ светот, којзнае каде. Ако овој вид е многу заразен, тогаш тој лет е екплозивна бомба – вели италијанскиот виролог Фабрицио Преглиаско во изјава за „Њујорк тајмс“, тврдејќи дека сите патници требале да бидат задржани во карантин најмалку седум до десет дена за следење на нивната состојба.

Авионските летови, како и крузерите во раните фази на пандемијата поттикнаа стравување за појавата на т.н. „суперширители“ на вирусот, а отворија прашања и за различните мерки и критериуми, како и за спроведувањето на прописите за заштитните маски. Холандските власти нагласија дека омикрон бил забележан во нивната држава при тестовите направени на 19 и на 23 ноември, пред слетувањето на летовите.

Случаи на заразени со омикрон-видот се забележани во повеќе држави од откривањето на новиот сој на 25 ноември. Светската здравствена организација го смета омикрон за „варијанта на загриженост“, но нејзините ефекти допрва се испитуваат.