Советникот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за национална безбедност, Роберт О’Брајен е позитивен на коронавирус, објави „Блумберг“ повикувајќи се на неименувани извори.

О’Брајен е во изолација во неговиот дом, од каде што ги извршува работните активности.

– Тој очигледно се заразил на семеен настан – напиша новинарката Џенифер Џејкобс на Твитер.