Словенечката влада донесе одлука за заострување на режимот за патници од европските земји, поради секојдневниот пораст на бројот на новозаболени од ковид-19, па од утре шест европски земји ќе бидат избришани од зелената листа, додека во Словенија ќе можат без ограничувања да влезат само патници од Србија, Австралија, Нов Зеланд и Уругвај.

Црвената листа е значително проширена, така што отсега на неa се наоѓаат Белгија, Чешка, Исланд, Луксембург и Шпанија, додека за патниците од Хрватска и Австрија ќе се применува малку поблаг режим.

Италија останува на портокаловата листа до ново известување, што значи дека патниците од Италија и земјите од црвената листа ќе мора да бидат ставени во карантин.

БиХ сè уште е на црвената листа, односно се применува задолжителен карантин, освен за оние со негативен тест за коронавирус.