Владата во Словачка забрани напуштање на земјата поради празниците со цел да се забави пандемијата на коронавирусите, објавија словачките медиуми .

Владата соопшти дека патувањата во странство ќе можат да бидат дозволени за деловни и слични цели.

Забраната е продолжување на ограничувањето на внатрешното движење врз основа на кое луѓето не можат да ги напуштат своите области без валидна причина, пренесуваат агенциите.

Наредбата следуваше со цел да се спречи стравот и можноста од опасни мутации на коронавирус од странство.

Оваа централноевропска земја со 5,5 милиони жители е меѓу најпогодените земји од коронавирусот во последните неколку недели, со околу 4.000 пациенти во болници и околу 100 смртни случаи на ден.