Состојбата во САД се влошува од ден на ден. Во еден ден во Америка починаа 1.049 луѓе од коронавирус, а заразени се 26.473 лица. Вкупно 5.102 американски граѓани го загубија животот од опасната инфекција.

Бројките се зголемуваат од ден на ден. Според информациите што официјален Вашингтон ги проследи до Светската здравствена организација, 5.005 Американци се во критична состојба.

Во моментов, во Соединетите Држави има 201.023 лица на лекување. Според медиумите, сите простории за лекување на пациенти се полни, така што надлежните формираат импровизирани болници во паркови и спортски комплекси.