Крајбрежната стража во САД нареди сите крузери во американски води да останат на море поради епидемијата со коронавирусот.

Како што објавија американските медиуми, патниците кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на копно во земјите каде што се регистрирани крузерите.

Од бродовите во американски води дополнително се бара да го пријават бројот на луѓе кои се болни и кои починале од коронавирусот.