Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, е заболен од коронавирус, јави агенцијата „Франс прес“.

– Берлускони, кој има 83 години, се тестирал за ковид-19 и резултатите биле позитивни – наведува агенцијата.

Од канцеларијата на Берлускони соопштиле дека тој се наоѓа во изолација и продолжува да работи од дома.