Неприфатливо е колку бавно се одвива вакцинацијата против коронавирусот во Европа, апелира СЗО.
Шеста недела по ред бројката на заболени на стариот континент не се намалува. Само во изминатава недела Европа бележи раст од 1,6 милиони луѓе инфицирани со вирусот и близу 24 илјади починати. Болните се во речиси сите возрасни групи, освен луѓето над 80 години, што според СЗО е почетен знак за ефектите од имунизацијата.

Податоците од Велика Британија велат дека од декември кога почна масовната вакцинација, се спасени шест илјади животи на луѓе над 70 години. Но, Велика Британија е обвинета од ЕУ за неправедниот преддоговор што го потпиша со фармацевтските компании и што ги доби вакцините кои се произведуваат на европско тло.

Само 10% од ЕУ населението примиле една доза, а шест отсто се целосно имунизирани. Германија, со нови 24 илјади случаи за само еден ден, дури сега ќе ги вакцинира докторите.