Светското лоби на противниците на вакцини сè повеќе расте, изјави претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Москва, Мелита Вујновиќ, јавува ТАС С.

– Ова движење расте. Денес е модерно да се биде дисидент, а лобито на противниците на вакцината е сеприсутно и погласно – рече Вујновиќ за време на сесијата посветена на ковид-19 на Руската академија на науките.

Руската агенција наведува дека Вујновиќ се спротивставува на коментарите на социјалните мрежи кои тврдат дека вакцините се смртоносни и штетни за луѓето.

– Тоа се прави и покрај фактот што сите знаат дека вакцините се најважната мерка во јавното здравство, која му овозможи на општеството да спаси детски животи, да го зголеми животниот век на човекот и да го намали бројот на лица со посебни потреби – потенцираше Вујновиќ.

Таа предупреди дека ваквите ставови не само што ќе го променат однесувањето на луѓето кон вакцинацијата, туку ќе предизвикаат и долгорочна штета на целиот здравствен систем.е божја казна за нејзините непријатели и се закани со нови напади.