Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејес, во Женева изјави дека пандемијата на коронавирус сè уште забрзува и дека бројот на случаи на инфекција е двојно зголемен во текот на изминатите шест недели.

Гебрејесус ќе ја свика Комисијата на СЗО за вонредни ситуации оваа недела, шест месеци откако СЗО прогласи вонредна состојба во јавното здравство на меѓународно ниво на 30 јануари, пренесува АП.

– Ковид-19 го смени нашиот свет, ги подели луѓето, заедниците и нациите – рече Гебрејесус пред новинарите.

Тој наведе одредени фактори кои се покажале како успешни во некои земји, како што се политичко лидерство, образование, зголемено тестирање, хигиена и мерки за физичко дистанцирање.