Повеќе од 100.000 случаи на ковид-19 се регистрираат секој ден на американскиот континент, од кои половината се во САД, а се појавуваат и загрижувачки жаришта во земји кои ја контролираа епидемијата, како Аргентина и Колумбија, изјави денеска регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО), Кариса Етиен.

– Нашиот регион сè уште е под удар на ковид-19 – рече таа на виртуелниот брифинг во Вашингтон, на кој учествуваа и другите директори на пан-американските здравствени организации, пренесува „Ројтерс“.

Етиен рече дека нарушувањето на здравствените услуги се заканува да доведе до зголемување на заболувањата кои досега биле под контрола, како што се туберкулоза, ХИВ и хепатитис.