Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на ковид-19 сè уште не е решен, но дека може да се стави под контрола за неколку месеци, преку докажаните мерки во заштитата на јавното здравство.

„Ројтерс“ пренесува дека Тедрос на денешната прес-конференција изјавил оти СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата да продолжат непречено, но дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се пренатрупани и луѓето умираат, но и дека е апсолутно можно да се избегне тоа.

– Пандемијата на ковид-19 е далеку од завршена, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во текот на првите два месецa од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени – нагласил директорот на СЗО.

Тедрос исто така рекол дека зголемениот пренос на инфекцијата најмногу се должи на конфузија и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.