Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирус ја запре кампањата за вакцинација против полиовирус и сипаници, поради што милиони млади луѓе се изложени на ризик да се заразат со овие потенцијално смртоносни болести.

СЗО и УНИЦЕФ апелираа итно да се обезбедат средства во износ од 655 милиони долари потребни за спроведување кампања за сузбивање епидемии и заразни болести и на тој начин да се премости опасниот имунолошки јаз меѓу сиромашните и средно развиените земји, објави „Ројтерс“.

– Не смееме да дозволиме во битката против една опасна болест да ја занемариме борбата со другите болести – рече Хенриета Форе и истакна дека се потребни се 400 милиони долари за вакцинирање против детска парализа, плус 255 милиони за борба против сипаници.

Според неа, од планираните 91 кампања за вакцинирање против детска парализа и сипаници, 53 се суспендирани.