Светската здравствена организација вчера даде одобрување за вакцината на „Фајзер/Бионтех“ за итна употреба. Ова е прва вакцина против коронавирус, што е одобрена од СЗО за итна употреба, со што отворени се вратите на земјите да ги забрзаат сопствените регулаторни постапки на одобрување на увозот и примената на вакцината.

Одобрувањето овозможува и УНИЦЕФ и Панамериканската здравствена организација да набават вакцина за дистрибуција на оние земји на кои тоа им е потребно, се наведува во соопштението на СЗО.

Еднаков глобален пристап до вакцините е пресуден за борба против пандемијата, нагласи помошничката на Генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао.

– Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален приспат до вакцините против ковид-19. Но, сакам да нагласам потреба за уште поголеми глобални напори за да се постигне доволно залихи на вакцината за да се задоволат приоритетните потреби на луѓето во целиот свет – порача таа.