Светската здравствена организација (СЗО) очекува бројот на инфекции од коронавирус во светски рамки следната недела да достигне 10 милиони.

– Во СЗО досега се пријавени 9,1 милиони случаи и повеќе од 470.000 починати – изјави денеска директорот на oрганизацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус, пред новинарите во Женева.

Во првиот месец од епидемијата се пријавени помалку од 10.000 заразени, а во последниот месец скоро четири милиони.

– Очекуваме вкупниот број случаи да достигне 10 милиони следната недела – предупреди тој.

Директорот на СЗО повтори дека сите имаат одговорност да сторат сé што е во нивна моќ во бробата против вирусот и за спас на човечки животи.