Загрижувачки е тоа што бројот на заразени со Ковид-19 во светот се зголемува четврта недела по ред, откако се намали шест недели во јануари и февруари, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека во моментот, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо. Првиот човек на СЗО нагласи дека станува збор за загрижувачки трендови што го покажуваат влијанието на мутациите на вирусот, отворањето на општествата и нерамномерното вакцинирање на популацијата.

Во последните 24 часа, повеќе од 535.000 нови случаи на заразени со ковид-19 се пријавени ширум светот, а речиси 10.000 луѓе починаа. Најмногу нови случаи се регистрирани во Европа.