Бројот на земји и територии во кои циркулира позаразниот делта-сој на коронавирусот е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите тврдат дека делта-варијантата бргу ќе се прошири и ќе ги засени другите соеви, а потоа ќе стане доминантен мутиран вид коронавирус во следните години.

СЗО нагласи дека точниот механизам за зголемување на инфективноста на ковид-19 и натаму останува нејасен.

Покрај тоа, СЗО е загрижена за ширењето на сите четири нови видови.

Алфа-сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, е регистриран во 180 земји до 20 јули.

Бета-сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, а бразилскиот гама-сој е регистриран во 78 земји.