Светската здравствена организација објави дека извештајот на нејзините експерти кои истражуваа за потеклото на коронавирусот во Кина, најверојатно ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на вчерашната прес-конференција изјави дека извештајот сè уште не е подготвен и дека членовите на тимот на СЗО кои работеле со кинески официјални лица на изготвувањето, сакаат да го сторат тоа на вистински начин.

СЗО претходно планираше да објави пократка и подоцна подолга верзија на извештајот, но тој план е откажан, така што еден документ ќе биде објавен.

Лидерот на тимот на СЗО, Питер Бен Ембарек на почетокот на овој месец објави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.