Светската здравствена организација (СЗО) за вирусните варијанти ќе користи само грчки букви, односно мутациите на коронаврус во иднина нема да ги ословува со национална одредница заради избегнување дискриминација.

СЗО вчера соопшти дека мутациите во иднина ќе бидат именувани со букви од грчката азбука и тоа редоследно по нивното откривање. Тоа значи дека варијантата која прва беше откриена во Велика Британија ќе носи име „Алфа“, јужноафриканскиот вид ќе се нарекува „Бета“,  откриената во Бразил – „Гама“, а онаа од Индија – „Делта“.

Одлуката за користење на грчките букви уследи по повеќемесчни размислувања, при што в предвид за користење биле земени и имиња на грчки богови, како и одредени кованици.