Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астра зенека“ против ковид-19, но засега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, вели дека препораките ќе бидат јавно објавени откако ќе добијат целосен увид во настаните.

– Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот – рече Линдмаер.

Британскиот премиер Борис Џонсон, претходно, истакна дека вакцината против ковид-19 на „Астра зенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.