Тимот на СЗО кој го истражува потеклото на ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците.

Најверојатно лилјакот имал уште едно животно домаќин како посредник.

Резултатите од истрагата на СЗО со нетрпение ги очекуваат научниците и владите во светот, пренесе Ројтерс.

– Тимот имаше опширни разговори со кинеските колеги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошки и генетски анализи и ветеринарски истражувања – наведе портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додал дека имале и видеоразговори со виролози и научници од Вухан.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан изјави дека можни се изненадувања.

– Фактот дека се вклучи алармот во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек – рекол тој.