Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика државите да обезбедат пари за забрзување на производството на средства што би можеле да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.

– Програмата на СЗО ‘АКТ-акцелератор’ веќе поддржува истражувања за потенцијални вакцини, лекови и дијагностика. Меѓутоа, треба побрзо да ги засилиме клиничките истражувања, производството, лиценцирањето и регулаторниот капацитет, за овие производи да можат да допрат до луѓето и да почнат да спасуваат животи – рече Тедрос.

Според податоците, од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден коронавирусот, досега починале 900.004 пациенти. Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица.